Официјално: Гути потпиша за Бешикташ
27/07/2010 12:34

’Вечниот талент’ на Реал Мадрид, Хозе Мариа Гутиерез Гути и официјално стана нов член на турскиот клуб Бешикташ, каде ќе му се приклучи на својот поранешен тренер, Бернд Шустер.


Во редовите на клубот од Истанбул Гути доаѓа од Реал Мадрид без отштета, потпишувајќи двегодишен договор, според кој по сезона ќе инкасира по 2,7 милиони евра.


Во неделата Гути и официјално најави раскинување на соработката со Реал, клубот во кој ја помина целата своја професионална кариера и каде што ги направи првите фудбалски чекори.


Во Бешикташ ќе му се приклучи на својот поранешен тренер, Бернд Шустер. Гути е втор фудбалер што во последните денови го напушти Реал Мадрид. Прв беше Раул Гонзалес Бланко, кој неофицијално кариерата ќе ја продолжи во Шалке.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0383][49]