Реал се договори со Интер за Маикон
27/07/2010 12:26


Врвниот десен бек Маикон ќе му се придружи на поранешниот тренер Жозе Мурињо во Реал, пишуваат италијанските медиуми, додавајќи дека Интер ја прифатил понудата од Шпанците. Заминува и Балотели, а доаѓа Маскерано!

Кориере дела Спорт пишува дека 28 милиони евра плус недефинирани бонуси е понудата која Интер ја прифатил од Реал, па сега Маикон ќе треба да ги договори личните услови со Кралскиот клуб.

Бразилецот ќе бара 4-годишен договор со примања од 6-7 милиони евра, додека претседателот Перез ќе понуди 5.5 милиони, пишуваат медиумите, додавајќи дека брзо ќе се договорат.

Кориере дела Сера извести и дека Интер ја прифатил и понудата за Марио Балотели кој ќе се пресели во Манчестер Сити, а овие трансфери ќе му дадат финансиска инекција на новиот тренер Рафа Бенитез да реализира некое засилување од неговата листа – најверојатно прво Хавиер Маскерано, кој доби дозвола од Ливерпул да си замине, но под соодветно обештетување.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0256][23]