Озил повеќе сака во Барса отколку во Реал
26/07/2010 18:57

Може да бидат соиграчи - Озил и Бускетс

Ѕвездата на Вердер која блесна на СП, Месут Озил е во преговори со Барселона, и изрично најави дека не сака да биде дел од Реал Мадрид.

Шпанскиот весник Ел Мундо Депортиво пишува дека сензацијата од Јужна Африка, Месут Озил е во преговори со раководството на Каталонците за трансфер на Ноу Камп.

21-годишниот плејмејкер на Вердер беше цел и на Реал Мадрид, но Озил јасно рече дека повеќе би сакал да оди во Барселона.

Вердер нема друг избор освен да го продаде Озил до крајот на овој преоден рок, бидејќи Германецот со турско потекло има договор до 2011, што ќе значи дека следната сезона ќе може да го напушти тимот како слободен играчч.

Од друга страна, евентуалниот трансфер на Озил во Барса ќе значи дека Каталонците ќе ги намалат напорите да се ангажираа Цеск Фабрегас од Арсенал.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0243][31]