Видео: Милан со срамен пораз, Алегри бара засилување
26/07/2010 18:37


По срамниот пораз од новакот во Серија Б, Варезе, новиот тренер на Милан, Масимилијано Алегри бара нов првокласен фудбалер од средниот ред.

Масимилијано Алегри со срамен пораз дебитираше на клупата на Росонерите, откако неговиот Милан загуби од новакот во Серија Б, Варезе со 0:2.





„Логично беше да се надевам на подобро деби, но не е страшно. Играчите се изморени по првите пет дена подготовки, а головите дојдоа од детски грешки. Едноставно требаше да сме поконцентрирани. Задоволен сум од желбата на сите. Се разбира на следните контроли ќе имаме посилни тимови - Арсенал и Лион. Мора да работиме на тактиката. Го чекам со нетрпение Андреа Пирло да се врати. Тој е многу важен за нас, како и Роналдињо, кој има голема желба да се претстави одлично оваа сезона. Задоволен сум од сегашните играчи, но ако дојде некој би сакал да биде од светска класа. На кое место? Најмалку фудбалери имаме во средната линија“, коментира Алегри.

Поранешниот тренер на Каљaри вети пред сопственикот Силвио Берлукони дека "росонерите" во оваа сезона ќе ги забавуваат тифозите и ќе играат напаѓачки, без разлика на противникот. За да се случи тоа, младиот специјалист има да заврши многу работа со овој состав на "црвено-црните".

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0237][31]