Фабрегас се договорил со Барселона?
26/07/2010 18:13


Цеск Фабрегас веќе ги договорил личните услови со каталонскиот гигант, пишува шпанскиот весник Спорт.

Спорт, кој е близок до Барселона, објави дека Цеск Фабрегас ги договорил личните услови со клубот од Ноу Камп и дека се очекува уште да се договорат клубовите.

Според Спорт, Фабрегас за старо-новиот клуб ќе потпише петгодишен договор и ќе добива плата од 7 милиони евра годишно.

Според најавите, во текот на неделава Фабрегас ќе се врати во Лондон, порано од предвиденото на 9 август, каде има закажано состанок со Арсен Венгер по што ќе се добие многу појасна слика за иднината на играчот.

Сепак, оваа информација треба да се земе со доза на резерва, бидејќи според сегашните правила, УЕФА не дозволува играчот да преговара со евентуалниот иден клуб, доколку сегашниот не даде дозвола за тоа. И пред неколку месеци Спорт изнесе слични најави, кои брзо беа демантирани од Барселона.

Како и да е, Росел и Барселона сигурно ќе се обидат да го доведат Цеск на Ноу Камп, но прашање е колку Венгер ќе истрае да го задржи својот капитен.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0263][30]