Гардијан: Ливерпул стравува од Филип Петковски
26/07/2010 17:34

Ливерпул нема да тргне опуштено против Работнички в четврток, а како најсериозна закана по голот на Црвените тренерот на Хоџсон го смета 20-годишниот Филип Петковски.

„Ова ќе бидат два неверојатно тешки натпревари за нас во оваа фаза од сезоната“, изјави Хоџсон за неделното издание на британски Гардијан, јавува ТВ Канал 5.


„Ако изгубиме, изгубиме, свесни сме за притисокот. Ќе биде тешко без нашите врвни играчи, но лекарите рекоа дека ако ги искористиме сега, може да ги изгубиме подоцна во сезоната“, додал Хоџсон кому медицинскиот тим на клубот му сугерирал да не ризикува со Стивен Џерард, Џо Кол, Дирк Кајт и Џејми Карагер, кои се уште се рехабилитираат од завршеното Светско првенство во Јужна Африка.

Ќе биде интересно како ќе биде составен тимот в четврток. Особено откако подмладениот состав изгуби со 1:0 од Кајзерслаутерн во саботата на пријателскиот натпревар, во кој дебитираше Србинот Милан Јовановиќ.

Четврток ќе биде голем ден и за Алберто Аквилани, кој треба да го покаже својот талент, откако минатата година не ја оправда цената од 17 милиони фунти што негобиот тим ја плати на Рома.


Ова е најголемиот натпревар на тимот на Работнички, по средбата со Болтон во купот на УЕФА пред три години – пишува Гардијан. Англиските медиуми информираат дека Романтичарите од овој дуел ќе заработат повеќе пари отколку што добиваат за целата година.

Гардијан го издвојува 20-годишниот Филип Петковски како опасност за Ливерпул.Новиот тренер на Ливерпул, Рој Хоџсон, допрва треба да го надгледува неговиот прв меч на Енфилд, како нов стратег на клупата.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0448][105]