Атлетико Мадрид се засили со 24-годишниот екстра квалитетен бек Филипе Луис Касмирски.
Бразилецот помина четири сезони во Депортиво, а последниве две беше лидер на тимот и мета на многу европски гиганти. Но, за жал во јануари годинава имаше тешка повреда, која успеа да ја рехабилитира.
Филипе Луис веќе е во Мадрид каде ги поминува медицинските прегледи. Шпанските медиуми наведуваат дека висината на обештетувањето што ќе го добие Депортиво е 11 милиони евра.