Атрактивната Жизел се збогати на Интер
21/04/2009 19:19



Еден од најплатените супермодели во светот има голема доверба во Жозе Мурињо и неговите момци. Од декември 2008 досега на Интер има заработено милион долари.

Според информациите на Метрополитен Пост, бразилскиот супермодел има заработено околу милион долари кладејќи се на натпревари на Интер.




Шпанскиот весник Стар додаде дека Жизел до крајот на сезоната ќе заработи уште повеќе ако (кога) Нероазурите ќе ја освојат титулата.




Убавата Бразилка со време си ја фати работата, па уште од 2008 секоја недела ставала ’мрсни’ суми на момците на Мурињо.




Така, еден од најплатените супермодели, кој тежи околу 150 милиони долари, за уште некое милионче го зголеми своето богатство. На Жизел ова не и е единствен контакт со спортот.




Во брак е со Том Брејди, рагбист на Њу Ингланд, а во текот на модната кариера во Италија кратко беше во врска со еден од најзгодните италијански фудбалери, поранешниот член на Милан и Интер (случајност, а?) – Франческо Коко.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0822][67]