Јапонската ѕвезда на Мундијалот е пред премин во редовите на Милан.
Управата на Милан е на чекор од ангажирање на играчот на ЦСКА Москва и јапонската репрезентација, Хонда, за кого понуди 13 милиони евра, а раководството на руската екипа бара два милиони повеќе.
Сепак, управата на Росонерите е сигурна дека се ќе се заврши на најдобар можен начин. „Многу сме близу до договор со Хонда. На тренерот му се допаѓа овој играч и би сакал да го види во комбинација со Пато и Роналдињо", вели извор близок до клубот.
24-годишниот Хонда го привлече вниманието на многу клубови со настапите во Лигата на шампионите минатата сезона, за потоа да заблеска и на штотуку завршениот Мундијал.