Ливерпул во вечерен термин - влезниците 300 денари!
23/07/2010 18:27


Мечот меѓу Работнички и Ливерпул ќе се одигра под рефлектори од 20:45 на’Филип Втори’ арената во Скопје, в четврток 29 јули, а цената на билетите ќе биде 300 денари!

1.100 билети за Северната трибина се резервирани за навивачите на Ливерпул, а 500 билети нема да бидат пуштени во продажба, бидејќи еден блок од трибината според прописите на УЕФА мора да биде оставен како тампон-зона меѓу домашните и гостинските навивачи.

Ова значи дека од понеделник во продажба ќе бидат пуштени 8.500 билети на редовните продажни места.

И дефинитивно мечот ќе се игра во вечерен термин под светлината на новопоставените рефлектори на Јужната и Северната трибина кои беа тестирани пред неколку дена и работат совршено. Почетокот е закажан во 20:45 часот.

Во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт се прават напори до четврток Јужната трибина на Филип Втори да биде комплетно оспособена за користење.

Дали во тоа ќе се успее ќе дознаеме во наредните неколку дена. Во случај на отворање на Јужна за овој натпревар целиот нејзин капацитет ќе им биде доделен на домашните навивачи, а билетите ќе чинат 300 денари, исто како и за Север.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Кој ќе го освои Скудетото?





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0300][43]