
Новото засилување на Њујорк Ред Булс, Тиери Анри постигна гол на својот дебитантски меч против Тотенхем, кој за жал не беше доволен Американците да забележат победа.
Некогашната ѕвезда на Арсенал и Барселона и донеодамна француски репрезентативец на својот прв меч за новиот клуб успеа да се запише и во листата на стрелците.
Анри ги доведе Ред Булс во водство во 24 минута, а со головите во второто полувреме Тотенхем направи целосен пресврт. Најпрво во 62 минута Роби Кин го израмни резултатот, за десет минути подоцна Герет Бејл да им ја донесе победата на Лондончани.
„Не можам да верувам како сум дочекан и како е поздравен секој мој контакт со топката“, рече Анри кој на мечот дојде со јавен превоз (железница) со што уште повеќе ги воодушеви навивачите.