По 10 дена гласање и над 2700 гласови, фановите на Спортски го избраа најубавиот гол на последното Светско првенство.
Убедливо со 1113 гласа, на првото место, во избор на фановите на Спортски.мк е избран голот на Џовани Ван Бронхорст против Уругвај за најубав гол на СП.
Колку овој гол оставил најдобар впечаток говори фактот дека второто место – голот на Форлан против Германија доби трипати помалку гласови, односно 340. Веднаш зад него, со 315 гласа се најде голот на Тевез против Мексико.
Потоа следуваат голот на Маикон против Северна Кореја со 286 гласа, па малото ремек дело на Давид Виља против Хондурас со 260 и прекрасниот погодок на Кваљарела против Словачка со 253.
Сите голови можете да ги видите овде!