И Тетекс победи!
22/07/2010 19:24


Прекрасен ден за македонскиот фудбал, каков што сме немале со години. По Работнички, и Тетекс избори пласман за наредното коло од Лига Европа.

Тетекс на Филип Втори арената во Скопје, го совлада летонски Вентспилс со 3:1 и се избори за пласман во третото коло од Лигата на Европа, каде ќе игра со победникот од дуелот меѓу шведски Елфсборг и Искра.

Стрелци на головите за ’штофарите’ беа Исени во 15., Ристевски во 34. и Глигоровски во 54. Минута, додека почесниот гол за гостите од Летонија беше дело на Беспаловс на девет минути пред последниот судиски свиреж.

Од натпреварот на нашиот најголем стадион за одбележување е и 87. минута кога тимот на Вентспилс остана со десет играчи во поле, откако Григориј Чиркин го заработи и вториот жолт картон на мечот, што воедно значеше и исклучување.

На првиот меч во Летонија беше 0:0.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0259][22]