Мурињо нуди трампа: Кака за Ибракадабра!
22/07/2010 19:11


Скоро неверојатна вест ни доаѓа од Шпанија. Жозе Мурињо наводно подготвува бомбастична размена на потегот Мадрид – Барселона!

Како што пишуваат шпанските спортски медиуми, Жозе Мурињо ќе сака да го доведе шпицот на Барселона Златан Ибрахимовиќ, со кој успешно соработуваше во дресот на Интер, но бидејќи е скоро невозможно да се плати целата сума што ја бараат Каталонците, Мурињо е спремен на неочекуван потег – Кака!

Во Шпанија тврдат оваа идеја потекнува лично од тренерот на Реал Мадрид, затоа што смета дека Ибрахимовиќ е многу подобра замена за ’скандалозниот’ Бензема. Од друга страна, Каталонците и онака не сметаат многу на услугите на Швеѓанецот и се обидуваат да му најдат нова средина.

Кака, пак, зад себе нема сезона за паметење во Мадрид, откако се пресели од Милан меѓу ’кралевите’, па за Барселона тоа ќе биде убава замена за Сеск Фабрегас, кој Арсенал не сака да го продаде.

Сепак, на оваа вест мора да се гледа со доза на сомнеж, затоа што едноставно е премногу сензационална за да се прими здраво за готово, особено плус бидејќи се работи за најлутите фудбалски ривали.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0263][57]