УЕФА ја исфрли Мајорка од Лига Европа
22/07/2010 18:59


Иако со своите игри на теренот стекна право за настап во Лига Европа, Мајорка нема да се натпреварува во ова натпреварување после одлуката на УЕФА.

Европската фудбалска куќа денеска и испрати допис на шпанската екипа дека не и е овозможен настап во меѓународните натпреварувања поради особено лошата финансиска ситуација. Откако Мајорка не доби лиценца за настап на евро сцената, УЕФА одлучи да ја исклучи од Лигата на Европа.

Нејзиното место би требало да го заземе Виљареал, кој беше ’прв под цртата’ во борбата за излез на меѓународна сцена. Мајорка минатата сезона беше вистински хит во Шпанија, откако во последното коло го загуби четвртото место кое водеше во ЛШ.

На оваа одлука сепак клубот од Балеарските острови имаат право на жалба.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0340][99]