Работнички успеа од Ерменија да се врати непоразен и благодарение на победата од првиот меч ќе го пречека Ливерпул на Филип Втори арената во Скопје!
Во напнат натпревар во кој Ерменците се обидуваа да постигнат гол, гранитната одбрана на Работнички се покажа непопустлива, а момците на тренерот Стратев одлично одговорија на сите задачи.
Мика кон крајот на мечот притисна и со сите сили, а во тие моменти нашите фудбалери промашија и неколку можности од против напади, дури и една во која противничкиот голман го остави својот гол празен, но Фабио Силва не беше прецизен.
Сепак, победата од 1:0 од првиот меч се покажа клучна, па Работнички во следното коло ќе го пречека големиот Ливерпул.