Зошто муслиманите не треба да навиваат за Манчестер Јунајтед
22/07/2010 16:01


Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ужива се поголема популарност во Малезија, но тоа не и се допаѓа на конзервативната муслиманска заедница...

Проблемот е ѓаволчето на клупскиот грб, а против симболот стана и високиот исламски свештеник Ноох Гадот:

„Тоа е опасно. Како муслимани не смееме да почитуваме симболи на други вери, како и симболи на Нечестивиот“, рече Гадот целејќи притоа на симболите на крст кои се наоѓаат на грбовите на репрезентациите на Бразил, Португалија, Србија и Норвешка.

„Не треба да се носат такви дресови. Тоа ќе ги поткопа темелите на нашата вера. Ако некој ви подари таков дрес, одбијте го“, додаде свештеникот.

Исламот е најголема и официјална вероисповед меѓу Малезијците. Според податоците, ја практицираат 60.4% државјани на Малезија.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Кој ќе го освои Скудетото?





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0200][47]