Шпанската најдобра лига, македонската 86-та!
22/07/2010 15:49


Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) ја објави табелата на најсилни фудбалски првенства во светот. Шпанската Примера го зеде приматот од Премиерлигата, додека македонската Прва лига е 86-та!

Ла Лига е на прво место со 580 бодови, пред бразилската (577) и аргентинската лига (536). На четвртото место благодарение на триумфот на Интер во ЛШ се искачи италијанското Калчо (508), додека досега најдобрата, англиската Премиерлига е на петто место (486).

Следуваат Бундеслигата (457), француската лига (413), Перу (407), Чиле (362) и Парагвај (357).

Македонија во конкуренција на 115 земји со 135 бодови го држи 86 место. Од балканските земји пред нас се Хрватска на 76 место (по катастрофален пад од 37 место), Албанија и Бугарија го делат 77 место, Србија 79 место го дели со Мали, а зад нас на делба на 94 место се Словенија и БиХ, и Црна Гора на 108 место.

Првите 10 првенства според ИФФХС:
1 Шпанија 580,0
2 Бразил 577,0
3 Аргентина 536,0
4 Италија 508,0
5 Англија 486,0
6 Германија 457,0
7 Франција 413,0
8 Перу 407,0
9 Чиле 362,5
10 Парагвај 357,5

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика има различни методи при пресметувањето од ФИФА и УЕФА, чиј ранкинг на лигите се чини дека е поверодостоен.

Таму предничат Премиерлигата и Примера (разликата е многу мала), далеку пред италијанското Калчо и германската Бундеслига кои се борат за четвртото место што води во ЛШ.

Имено, доколку Баерн триумфираше во ЛШ, од следната година (2011/12) Германија ќе имаше 4 места, а Италија 3. Тоа може да се промени и во наредните години, доколку германските клубови имаат позначајни настапи во евролигите од италијанските.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0259][40]