Според најновите извештаи од Аргентина, Диего Армандо Марадона ќе остане на клупата на аргентинската фудбалска репрезентација како селектор и во следните четири години.
Аргентинската новинска агенција "Телам" ја пренесува изјавата на претседателот на Аргентинскиот фудбалски сојуз Хулио Грондона кој рече дека в понеделник ќе се сретне со Марадона, па се очекува тогаш да биде договорено и продолжување на соработката.
Аргентинските медиуми наведуваат дека Грондона и Марадона во вторникот договориле продолжување на соработката до 2014 година, што значи дека светската супер ѕвезда би требало да ги води ’гаучосите’ и на СП во Бразил.