Бенитез: Интер ќе биде помлад и ќе игра подобро
20/07/2010 19:56

Бенитез со младиот Бразилец Кутињо

Тренерот на Интер, Рафа Бенитез им порача на навивачите дека европскиот шампион во престојната сезона ќе игра подобро отколку порано.

Интер со Мурињо освои три трофеи, но играта на тимот често беше критикувана, бидејќи се засноваше на дефанзива со контранапади. Бенитез вели дека тоа ќе го смени и дека Интер ќе игра подобро отколку порано.

„Овој тим сака да учи. Се уште не сме комплетна екипа, но играчите покажаа дека се паметни и дека можат да го направат она што го барам од нив“, рече Бенитез за Газета дело Спорт.

„Би сакал да играме подобро, екипата што подолго да го има поседот на топката. Играчите го побараа тоа од мене, но тоа ќе биде тешка задача“, вели новиот тренер на Интер.

„Го проучив тимот и видов дека Интер победува кога организира брзи контранапади. Екипата не ја држи долго топката, но брзо преминува во напад кога повторно ќе ја освои“, додава Шпанецот.

Тој рече дека би сакал да им пружи шанса на помладите играчи. „Целта е да им пружиме шанса на младите. Сите зборуваат за тоа, но всушност сите само сакаат да победуваат и никој нема храброст да чека“, вели шпанскиот стручњак.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0252][44]