Управите на лондонските клубови официјално забранија употреба на вувузели на нивните стадиони. Се очекува и другите клубови да го следат овој чекор.
И покрај тоа што некои фудбалски сојузи одлучија забраната да важи за сите клубови на таа земја, управата на Премиерлигата се реши одлуката да им ја препушти на тимовите.
Прв реагираше Тотенхем, а веднаш потоа и Арсенал.
„По разговорите со властите одлучивме да забраниме употреба на такви навивачки инструменти на нашиот терен“, се вели во соопштението на официјалниот веб сајт на клубот.
„Мислиме дека бучавата која ја создаваат вувузелите, ја загрозува безбедноста на навивачите, како само поради непријатната бучавост, така и поради разните соопштенија кои навивачите не би можеле да ги чујат. Ние сме и повеќе од задоволни од атмосферата на нашиот стадион", стои во соопштението на Тотенхем.
За среќа, и на ’Емирати’ нема да ги слушаме иритирачките пластични труби.
„На никого нема да му биде дозволено да внесе вувузела на трибините“, велат оттаму.
�