
Европската асоцијација за спортска безбедност (ЕССА), задолжена за надгледување на кладењето, соопшти дека немало сомнителни уплати на мечевите од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.
ЕССА соопшти дека ги надгледувала мечевите пред почетокот и за време на турнирот, за да се обиде да пронајде сомнителни обложувања.
ЕССА е дел од мрежата на системот што треба да лоцира корупција во обложувањето и да ја информира ФИФА.
ФИФА минатата недела соопшти дека не пронашла никакви докази за местење на некој натпревар од СП.
ФИФА за време на Мундијалот имаше и отворена линија преку која играчите, судиите и други лица може да пријават ако некој им нудел местење на мечот.