Џерард: Ќе биде фантастично да играм со Џо Кол
20/07/2010 17:16


Изгледа дека доведувањето на Џо Кол во редовите на Ливерпул одигра клучна улога во задржувањето на нивниот капитен Стивен Џерард на Енфилд.

Џо Кол е одлично засилување за нас. Добро го познавам од репрезентацијата, така што знам од прва рака колку е добар играч“, изјави Џерард.

„Во текот низ годините во Премиерлигата, Кол ја докажуваше својата вредност, често баш против нас. Ќе биде фантастично да играм покрај него во дресот на Ливерпул. За време на дружењето во репрезентацијата му кажував колку е голем клуб Ливерпул и сигурен сум дека нашите навивачи ќе знаат да ги ценат неговите квалитети“, додаде 30-годишниот капитен.

Џерард ги коментираше и шпекулациите за наводно заминување во Реал. „Претходно реков дека не сакам за тоа да зборувам, туку да се концентрирам на СП, а потоа добро да се одморам со семејството. Исто така сакав прво да разговарам со новиот менаџер Рој Хоџсон и откако го направив тоа, можам да кажам дека сум импресиониран од неговите планови за иднина.“

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0251][31]