На Рибери и Бензема им се заканува затвор заради секс со малолетничка
20/07/2010 17:05


Француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема беа на сослушување во париската полиција во врска со обвиненијата за малолетничка проституција заради која им се заканува затворска казна.

Бензема и Рибери биле сослушувани од обвинителот Ив Дандо од кого набрзо се очекува одлука дали ќе покрене обвинение против двајцата познати фудбалери.

Рибери и Бензема ги користеле услугите на малолетната проститутка Захија Дехар и го посетитувале барот Заман, за кој се испоставило дека е центар на малолетничката проституција.




Захија на инспекторите им потврди дека во 2008 година била со Бензема, а една година подоцна и со Рибери, додека третиот фудбалер Сидни Гову бил ослободен од сите обвиненија бидејќи кога тој бил со Захија таа веќе била полнолетна.

Обвинителот мора да докаже дека двајцата фудбалери знаеле за возраста на Захија, а ако успее да го докаже тоа тогаш им се заканува казна од три години затвор и 45.000 евра.








Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0265][50]