
Бразилскиот напаѓач Луис Фабијано ги прекина сите шпекулации околу неговата иднина, откривајќи дека ќе остане во Севиља и следната сезона.
29-годишниот фудбалер подолго време се споменуваше како мета на Милан, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
„Вистина е дека многу клубови се заинтересирани за мене, но со ниту еден не преговарав. Многу сум среќен во Севиља и никогаш не реков дека ќе го напуштам клубот поради Милан или Манчестер. Тоа се големи клубови, но и Севиља е таков клуб“, рече Фабијано.
Бразилецот откри дека неговиот агент преговара со претседателот на Севиља за продолжување на договорот, но и дека не му се брза.
„Мојот агент моментално преговара за продолжување на соработката, но не ни се брза, имаме доволно време. На тренизите треба да се вратам на 26 јули, едвај чекам. Немавме најдобри настапи во Лигата на шампионите минатата сезона, но важно е да обезбедиме пласман и оваа година“, завршил Фабијано.