Судијата три пати повторуваше пенал, па ќе беше задавен!
19/07/2010 19:56


Вистинско шоу на еден меч од чилеанската втора лига. Судијата три пати повторуваше пенал, а на крајот за малку ќе беше задавен.

Мечот меѓу Депортес Консепсион и Ренџерс Талке (3:0) се најде во спортските медиуми ширум светот, а најголем виновник за тоа е судијата Марсело Миранда.

Имено, при резултат 1:0, судијата досуди пенал за домашните, по што почна шоуто. Три пати го повторуваше пеналот, бидејќи според него, секој пат некој втрчувал во 16-никот.

По два поништени гола и една одбрана на голманот на Ренџерс, некогашниот репрезентативец на Колумбија Хамилтон Рикард постигна гол од четвртиот обид.

Само две минути по водството од 2:0, Миранда исклучи еден играч на гостите, што за нив беше ’последната капка која ја прели чашата’, па се втрчаа кон него. Парагваецот Хозе Педросо целосно изгуби контрола и почна да го дави судијата.









„Не ми е жал што направив, бидејќи секако ова беше мој последен натпревар. Се повлекувам од фудбалот. Многу ми е мило што Миранда ќе ме запамти“, рече насмеаниот Педросо кој по исклучувањето се обиде и да го нокаутира судијата.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0230][31]