Официјално: Џо Кол - ново засилување на Ливерпул!
19/07/2010 18:13


28-годишниот англиски репрезентативец и досегашен фудбалер на Челзи, потпиша четиригодишен договор со најтрофејниот англиски клуб.

Црвените на својот официјален сајт објавија дека Џо Кол потпиша четиригодишен договор со Ливерпул. Играчот ги договорил личните услови со клубот и единствено што останува е да ги помине лекарските прегледи во наредните 48 часа.

Кол доаѓа на Енфилд како слободен агент, а според непотврдени информации ќе заработува по 90.000 фунти неделно. За него во трка беа Тотенхем и Арсенал, но Ливерпул веројатно беше најубедлив за досегашниот фудбалер на Челзи да се пресели на Енфилд.

Џо Кол ќе биде одлична замена за Јоси Бенајун, кој замина во спротивен правец и очигледно стожер во играта на Ливерпул, заедно со Стивен Џерард. Рој Хоџсон најави дека ќе бара уште засилувања за конечно Ливерул да стане поконкурентен во силната Премиерлига.


19.07.2010
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0266][58]