
Ако некој профитираше од СП, тоа е сега веќе светски популарната Парагвајка Лариса Рикелме. Иако до крај не го исполни ветувањето гола да трча низ улиците на Асунсион, Лариса Рикелме повторно се слече, овој пат во чест на светските прваци.
Приказната за Лариса Рикелме веќе сите добро ја знаете. Прекрасната Парагвајка во текот на еден меч на својата репрезентација го стави мобилниот меѓу бујните гради, а останатото е историја. Но, очигледно убавицата има смисла и за бизнис па сега успешно профитира, сликајќи се за разни магазини.

Секси Парагвајката во чест на шампионите, се слече за шпанскиот магазин Interviu и гола позираше со шпанското знаме.
