
Барселона веќе договори трансфер на бекот на Севиља, Адријано за 9.5 милиони евра.
26-годишниот Бразилец, кој во Севиља играше на бековските позиции, но и во дефанзивниот среден ред е најновото засилување за Барселона. Каталонците според Марка, за Адријано платиле 9.5 милиони евра.
„Операцијата е скоро комплетна. Се договоривме од минатата сабота и има договор меѓу Барселона и Севиља“, изјави претседателот на Андалузијците Хозе Марија Дел Нидо, додавајќи дека трансферот може да се искачи и до 13.5 милиони доколку се реализираат дополнителните клаузули.
Адријано веќе 6 сезони е во Ла Лига и може да игра на десната и левата бековска позиција, а неретко настапуваше и како крило.