Сопственикот на Голден Стејт Вориорс Крис Кохан постигна договор за продажба на тимот за рекордни 450 милиони $ на Џо Лакоб сопственик на акции во Бостон Селтик и на Питер Губер извршен директор на Менделеј Ентертеинмент.
Губер беше продуцент на познати филмови како Дождовниот човек, Бетмен, Флешденс, Бојата на пурпурот.
Лакоб и Губер го победија во трката по Вориорс Лари Елисон, извршниот директор на Оракл чие богатство тежи 28 милијарди долари и кој што имаше највисока понуда.
Но сопственикот на клубот одлучи да не го продаде клубот на него. И покрај тоа, ова е најголем износ платен досега за НБА екипа. Претходно најмногу плати Роберт Сарвер кој се искешира 401 милион долари за Феникс Санс.
За да стане правосилен договорот мора да биде одобрен од � членови од Одборот на Гувернери на НБА, а Лакоб мора да ги продаде своите акции во Бостон Селтикс.
Кохан имаше финансиски проблеми и должеше 160 милиони $ такси и пенали кон државата од продажба на компанија за кабловска телевизија. Тимот на Голден Стејт го купи во јануари 1995 за 119 милиони $ и сега го продаде за речиси четирикратно повеќе.