
Ромина Белуско е поранешна Мис Аргентина, која моментално работи на шпанскиот Канал 4 како репортерка. Убавицата беше на дочек на светските прваци во Мадрид, каде од Хоан Капдевиља се обиде да добие бакнеж, но бекот на Виљареал и удри корпа.
На сите веќе ни е позната сцената во која голманот Икер Касиљас понесен од емоциите по финалето од СП пред камерите ја бакна неговата девојка, новинарката Сара Карбонеро и тоа додека таа го интервјуираше.
Нешто слично се обиде да направи и нејзината колешка, Ромина Белуско, со Хоан Капдевиља, но нејзиното сценарио имаше тажен крај.
Имено, откако членовите на Фуријата слетаа во Мадрид, Романа во живо се обиде да го наговори Капдевиља да го повторат она што пред цел свет го направија Икер и Сара, но на големо изненадување, бекот на Шпанците глатко ја одби нејзината понуда и си замина од кадарот.