Работнички може да игра со Ливерпул!
16/07/2010 14:26


Работнички сега ќе има огромен мотив да го помине тимот на Мика во второто квалификациско коло за Лига Европа. Следува големиот Ливерпул.

Денеска беа извлечени двојките за третото квалификациско коло од Лига Европа и од Лигата на шампиони.

Романтичарите, доколку го поминат сегашниот противник, тимот на Мика, кој го победија со 1:0 во Скопје (следува реванш во Ерменија), ќе го нагостат најтрофејниот англиски клуб – Ливерпул!

Другиот наш претставник, Тетекс од Тетово ќе игра против победникот од дуелот Елфсборг – Искра, но за тоа ќе треба во реваншот да слави против летонски Вентспилс (првиот меч во гости беше 0:0).

Одредени се и двојките од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Нашата Ренова доколку се надмине себе и го надомести високиот пораз од 0:3 Од Омонија во Кипар би играла со победникот од дуелот Салцбург – Торшавн (Фар. Ои.)

Останатите двојки се: Лиепајас Металург (Литванија) или Спарта Прага – Интер Баки (Азе)/Лех Познан (Пол.); Шериф (Мол.)/Динамо Тирана – Динамо Загреб/Копер (Слв); Левадиа Талин/ Дебрецин (Унг.) - Базел; Партизан Белград / Пјуник (Ерм.) - Екранас (Лит.) / Хелсинки; Бате Борисов (Буг.) / Хафнафјордур (Исл.) - Копенхаген; Бохемијанс (Ирс) / Њу Сентс (Велс) – Андерлехт; Ајакс - Паок; Зенит Ст. Петербург – Униреа; Селтик – Брага (Порт.); Гент – Динамо Киев.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0259][31]