Голманите Апула Едел и Огмундур Олафсон станаа светски популарни, но не по нивните голмански вештини, туку по потезите од кои се смее цел свет!
Олафсон, чувар на мрежата на исландскиот второлигаш Тора, си даде култен автогол за водство на ХК од 2:0. За среќа Огмундур може мирно да спие (ако воопшто може) бидејќи неговите соиграчи до крајот направија пресврт од 6:3 а поради подобрата гол разлика избија и на чело на табелата.
Неколку дена подоцна, Олафсон си доби достоен колега. Апула Едел (инаку поранешен голман на Пјуник) тешко дека ќе ја заслужи ’единицата’ во ПСЖ, сезонава по грешката на отворањето на пријателскиот меч со Спортинг. Прво на бизарен начин си даде автогол, а потоа несоодветно интервенираше и при вториот гол.
Додуша и неговиот клуб имаше среќа, бидејќи на крајот победи со 4:2. Очигледно не ги оставале противниците да се приближат до голот :)