Работнички минимално, Тетекс непоразен
16/07/2010 03:07



Работнички минимално го победи тимот на Мика од Ерменија со 1:0, во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Европа, додека Тетекс во своето евро деби остана непоразен на гостувањето кај Вентспилс во Летонија играјќи нерешено 0:0.

На Националната арената „Филип Втори“ Работнички успеа да победи без примен гол што беше и основната цел во дуелот со незгодниот ривал. Успехот има поголемо значење и со фактот дека Работнички од 38 минута играше без исклучениот Фернандо, кој непрописно од зад грб го фаулираше Демел и го спречи да го загрози голот на Богатинов. По слободниот удар од 17 метри Едисон ја погоди стативата.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 87 минута кога Вандаир го постигна единствениот гол за „романтичарите“.

Вториот македонски претставник, Тетекс од Тетово на гостувањето во Летонија кај Вентспилс одигра без голови 0:0. Иако, за тетовчани ова беше деби на евро-сцената сепак искусните фудбалери во редовите на тимот на Тони Јакимовски ја постигнаа целта – останаа непоразени на гостувањето.

Реванш натпреварите се играат следниот четврток на 22 јули. Тетекс на Националната арена „Филип Втори“ со почеток во 16 часот и 30 минути е домаќин на Вентспилс, а Работнички во Ереван од 15 часот го игра реваншот со Мика.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0282][92]