
Шпанија доминира и во идеалниот состав на СП што го објави ФИФА. Дури шестмина играчи на Фуријата се најдоа меѓу најдобрите 11.
Касиљас, Рамос, Пујол, Чави, Иниеста и Давид Виља се шестмината Шпанци кои влегоа во најдобрите 11. Сите регистрирани корисници на ФИФА можеа да гласаат за идеалниот состав, во формација 4-4-2.
Така меѓу најдобрите 11 се најдоа:
Голман: Касиљас
Одбрана: Маикон, Рамос, Пујол, Лам
Среден ред: Снајдер, Чави, Швајнштајгер, Иниеста
Напад: Форлан и Виља.
Селектор: Висенте Дел Боске.
Интересно е тоа што во идеалниот состав се најдоа дури тројца десни бекови (Маикон, Рамос и Лам), а и тоа што немаше место за најдобриот стрелец и млад фудбалер Томас Милер.