Македонија 66-та, Шпанија се врати на тронот
14/07/2010 16:07


На најновата ранг листа на ФИФА, Македонија назадуваше за 5 места и сега го дели 66 место со домаќинот на штотуку завршеното Светско првенство, Јужна Африка. Шпанија се врати на врвот, каде има поголеми поместувања.

Шпанија повторно се врати на врвот на ФИФА листата, по освоеното злато во Јужна Африка. Финалистот Холандија е на втората позиција, а петкратниот првак Бразил падна на третото место.

Во првите десет, односно на 6 место се искачи Уругвај, кој претходно беше 16-ти, а најголем пад во врвот имаше Португалија, која од третото сега е на осмо место. Исто така и Италија забележа пад, па сега се наоѓа на 11 место, а најголем напредок имаше Парагвај кој од 31, сега е на 16 место. Огромен пад имаше и Франција, која по дебаклот во ЈАР, се наоѓа на 21 место, откако претходно беше деветта во светот.

Од противниците на Македонија во следните квалификации за Европското првенство 2012 година најдобро пласирана е Русија која е на 17 место, потоа следува Словачка на 27 место, Ирска е 36-та, Ерменија е на 96 место и Андора на 201 место.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 11 август.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0325][55]