Пујол се простува од репрезентацијата?
14/07/2010 15:04
Пујол со неговиот наследник и партнер во одбраната, Џерар Пике


Капитенот на Барселона и столб на одбраната на шпанската репрезентација наводно најавил крај на својата репрезентативна кариера. Сепак, Винсенте Дел Боске ќе го премислува.

Шпанските медиуми пишуваат дека Пујол уште од ноември минатата година одлучил по завршувањето на СП да се прости од репрезентацијата, а освојувањето на шампионскиот трофеј го натерало уште повеќе да ја зацврсти ваквата одлука, бидејќи освоил се` што може да се освои.

Сепак, Дел Боске и директорот на репрезентацијата Фернандо Хиеро го тераат капитенот на Барселона да се премисли, бидејќи столбот на одбраната ќе биде многу потребен и за следното ЕП 2012, на кое Шпанија е фаворит број 1.

„Тој е пример за секој играч, вклучувајќи го и стручниот штаб. Ќе се обидам да го убедам да продолжи да игра за репрезентацијата“, рече Дел Боске.

32-годишниот Пујол дебитираше за ’црвената фурија’ во ноември 2000 година на мечот против Холандија, а ако не ја смени одлуката, ќе остане запишано дека и последниот меч го одигра против истиот противник во Јоханесбург. За репрезентацијата на Шпанија одигра 90 меча и постигна 3 гола, а ја освои европската и светската титула.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0233][45]