Македонскиот шампион загуби убедливо од Омонија
14/07/2010 00:54



Македонскиот шампион Ренова со пораз од 3:0 се враќа од Кипар во квалификациското коло за ЛШ.

Кипарскиот претставник Омонија од Никозија едноставно беше пресилен за нашиот шампион Ренова, кој заврши прв на табелата во лани очајната Прва македонска лига.

Фудбалерите на Ренова лошо го започнаа натпреварот, во 6 минута Игњатовски направи пенал и доби црвен картон, така што сите тактички замисли тука паднаа во вода.

Домаќините ја искористија шансата од белата точка да стигнат до водство и сигурен реализатор беше Константину. Во 28 минута Давидсон го удвои водството за кипарскиот тим, а по одморот или поточно во 62 минута Константину повторно стрелаше за конечни 3:0 и стави точка на натпреварот.

За тоа колку очајна е состојбата во македонскиот фудбал најдобро говори овој факт – што кипарски клуб е толку надмоќен над нашиот шампион. Ќе биде огромно изненадување доколку тимот од Џепчиште успее во реваншот да победи со разлика поголема од три бода

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0259][37]