Да го избереме најубавиот гол на СП!
13/07/2010 20:04


Светскиот шампион постигна само осум гола во Јужна Африка, а мрежите се затресоа вкупно 145 пати. Сепак и во овие скромни бројни имаше доста ефектни и велелепни голови, од кои навистина е тешко да се избере најдобриот. Да го направиме тоа заедно!

1) Маикон против Северна Кореја во фазата по групи: Бразил се мачеше со храбрите Севернокорејциво 1. коло во групата на смртта, но се до моментот кога Маикон од мртов агол постигна гол. Набрзо се јави дискусијата дали навистина шутираше или се обиде да изведе центаршут.









2) Џовани ван Бронхорст во полуфиналето против Уругвај: Вистинска бомба, ремек дело. Џио испали вистински проектил кој заврши токму онаму каде што беше упатен. Каде што се онадат пајаците!









3) Диего Форлан во натпреварот против Германија за 3 место: Најдобриот играч на мундијалот постигна повеќе убави голови, но оној против Германците за бронзата беше чудо од гол.









4) Чабалала против Мексико на отворањето на Светското првенство: Ако беше вистина дека ’денот по утрото се познава’, Јужна Африка ќе направеше растур на домашен терен. Но, сепак, мора да се одбележи голот против Мексиканците.









5) Месут Озил против Гана во фазата по групи: Германците го обезбедија првото место во групата со голот на момчето кое блескаше низ целото првенство. Ова беше неговиот најдобар шут.









6) Томас Милер против Австралија во фазата по групи: Најдобриот стрелец и најдобриот млад фудбалер на Светското првенство ќе се памети повеќе по своите голови со глава, но оваа контра на Панцирите му остави простор да покаже дел од неговите мајстории.









7) Фабио Кваљарела против Словачка во фазата по групи: Момците кои ја бранеа титулата беа вистинска катастрофа, но по завршувањето многумина дискутираат дека Кваљарела требало да добие предност пред очајниот Јакинта. Младиот напаѓач тоа го докажа со прекрасниот погодок против Словачка за збогум од Ј.Африка.









8) Давид Виља против Хондурас во фазата по групи: Напаѓачот на Шпанија стави свој белег на Мундијалот со петте погодоци, од кои врвното ремек дело против Хондурас ќе се врти уште долго по најавните шпици. Единствен брилијантно изработен гол, со одличен дриблинг на мал простор.









9) Луис Суарез против Јужна Кореја во осминафиналето: Талентираниот напаѓач на Ајакс прекрасно го надополнуваше Форлан во нападот, постигнувајќи неколку клучни гола, од кои вториот во осминафиналето беше ремек дело.









10) Тевез против Мексико во осминафиналето: ’Карлито’ првиот гол во натпреварот против Мексико го постигна од офсајд што не беше санкциониран, но затоа вториот гол на истиот меч ги остави фудбалските фанови без зборови.


Гласајте на анкетата долу десно на почетната страна!

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0340][41]