Долгогодишниот голман на Селтик, Артур Боруц (30) и официјално стана нов член на Фиорентина, објави италијанскиот клуб.
Може да се каже дека Фиорентина одлично 'пазареше' ако се има предвид дека за чуварот на мрежата кој со шкотскиот клуб имаше договор уште една година издвои нешто помалку од два милиони евра.
Во соопштението од клубот се наведува дека Боруц во Фиренца ќе остане во следните две години, но тоа автоматски не значи дека екипата ќе ја напушти Себастијан Фреј кого медиумите последните денови го преселија во Арсенал.
Боруц во Селтик бранеше од 2005 година, и за тој период освои три титули првак, а за некогашниот шампион на Европа одигра преку 150 меча во лигата.