
Хрватската телевизија која за жал немаме можност да ја следиме, задолжително ги анализира клучните натпревари што ги пренесува, а тоа беше случај и со финалето од СП.
На ХТВ 2 по завршувањето на големите фудбалски натпревари и настани следи емисијата ’Око соколово’ во која еминентни хрватски судиски експерти ги анализираат спорните моменти.
Така, по финалето меѓу Шпанија и Холандија се крена голема прашина за судењето на Хауард Веб, а погледнете што се` требаше да досуди Англичанецот!