Изјави по финалето на СП!
12/07/2010 02:29


Селекторот на шпанската репрезентација Висенте дел Боске не сакаше да земе ни делче од заслугите за историскиот успех на Фуријата на Мундијалот. Иниеста го посвети голот за Жарке, а Холанѓаните со забелешки на судењето.

Во првата реакција, секогаш мирниот Висенте дел Боске рече дека играчите се најзаслужни за триуфмот.

„Се што направивме, направивме благодарение на овие прекрасни фудбалери. Дадоа се од себе, во секој меч, а притоа ниеднаш не отстапија од нашата цел, а тоа е во секој натпревар, секој тренинг, да влегуваме како група која има големи можности но и големи принципи. Заедно сме 50 дена, без ниту еден инцидент, проблем. Имам одлични момци и тие се моите херои, тие се најзаслужните за триумфот. Ова е нивна титула, сите сме им нив должни", рече трофејниот стратег, додавајќи дека мечот бил многу тежок.

„Навистина беше тешко, но ние не ја загубивме главата и не се откажавме од нашиот план. Холандија одлично се бранеше, но ние имавме четири чисти шанси. И тие имаа свои можности, но мислам дека мојот тим беше подобар и ја заслужи победата", смета човекот кој со Реал освои се и сега ги има најголемите титули во клупскиот и репрезентативниот фудбал.

Стрелецот на победоносниот гол Андрес Иниеста одвај пронаоѓаше зборови и го посвети голот на трагично починатиот Дани Жарке.




„Ова е неверојатно, неповторливо! Многу труд е вложено во ова, напорно работевме одамна, беше тешко – но сега чувствуваме прекрасно задоволство за она што го постигнавме. Да се освои СП е навистина неверојатно чувство“, рече Иниеста, кој одлучувачкиот погодок му го посвети на трагично починатиот капитен на Еспањол, Дани Жарке – така што на неговата маичка пишуваше „Дани Жарке секогаш е со нас“.

„Ова е за Дани Жарке, за моето семејство, за сите луѓе“.





Стартот на Де Јонг кој по сите правила заслужува директен црвен картон. Судијата Веб го поштеди деструктивецот.

За разлика од Шпанците, во холандскиот табор владееше траорна атмосфера, а главен виновник за поразот според Лалињата е судијата Хауард Веб.

„Бесни сме и разочарани, бидејќи бевме многу блиску. Се чувствував во моменти како да немаме никакви шанси. Сакам да можам да најдам друг виновник, но судијата на моменти директно влијаеше да не освоиме трофеј. Тие на крајот славеа со 1:0 и заслужено го кренаа трофејот, но и ние имавме шанси. Сепак, кога се одлучува за светски првак, таквите шанси мора да се претвораат во голови“, рече разочараниот Кајт.




Слично размислуваше и селекторот Берт Ван Марвијк, кој особено се разбесна кога Веб не досуди очигледен корнер за Холандија, а набрзо потоа, Шпанците тргнаа во напад од кој го постигнаа голот:

„Сите видоа дека тоа е корнер. Сите на стадионот, освен судијата. Бесен сум. Не мислам дека судијата добро го контролираше натпреварот. Но да бидам јасен, најдобриот тим победи“, изјави Ван Марвијк.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0257][32]