Славниот Џими Џамп се обиде да го закити највредниот трофеј
12/07/2010 01:58


Славниот Џими Џамп повторно беше во акција. Овој слободен уметник и навивач на Барселона изведе нов перформанс пред финалето од СП, а на мета овојпат беше највредниот пехар.

Пред почетокот на финалниот меч од Светското првенство во фудбал, свое шоу имаше Хауме Маркет Кот, попознат како Џими Џамп кој пред почетокот на мечот на стадионот ’Сокер Сити’ се обиде да го закити трофејот кој му беше врачен на новиот светски шампион Шпанија.




Припадниците на обезбедувањето успеаја да го запрат Џими Џамп и да го спречат во идејата да му стави црвена капа на пехарот.





За оние што ги знаат неговите дела, јасно им е дека Џими само успешно праќа пораки до светот. Така, на финалето од ЕП 2004 меѓу Португалија и Грција, му фрли знаме од Барселона в лице на Луис Фиго, ’предавникот’ кој премина во Реал Мадрид. Четири години подоцна, во полуфиналето од ЕП меѓу Германија и Турција истрча на терен со знаме од Тибет и маичка со натпис ’Тибет не е Кина’.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0391][81]