
Најреално, по триумфот на Шпанија во финалето од СП, за играч на првенството беше избран Диего Форлан од Уругвај. Најдобар млад играч е Томас Милер кој ја освои и Златната копачка. Златната ракавица за најдобар голман повеќе од заслужено ја доби Икер Касиљас, а Шпанците добија награда и за фер плеј.
Бидејќи во финалето не блеснаа ниту Виља, а ниту Снајдер, двајцата најсериозни кандидати, ФИФА најреално одлучи наградата Златна топка на Адидас која му се доделува на најдобриот фудбалер да ја добие Диего Форлан, кој блескаше во уругвајскиот дрес.
Сребрената топка ја доби Весли Снајдер, додека бронзената оди кај Давид Виља.
За Златна копачка наместо головите одлучуваше времето кое го одиграа фудбалерите. Имено, имаше четворица фудбалери со 5 гола (Милер, Форлан, Виља и Снајдер), но за најдобар беше избран Томас Милер, кој освен петте гола даде и три асистенции, а исто така играше и најмалку (473 минути). Сребрената копачка ја доби Давид Виља, кој играше 635 минути, а бронзената Весли Снајдер.
Златната ракавица повеќе од заслужено ја доби Икер Касиљас, голманот кој неколку пати беше клучен за победите на Шпанија.
За најдобар млад фудбалер беше одбран Томас Милер, откровението на Германците, пред Џовани Дос Сантос од Мексико и Ају од Гана.
Фер Плеј наградата ја доби Шпанија, со само осум жолти картони во цел турнир.