Видео: Од крал до предавник!
09/07/2010 16:11


Леброн Џејмс од Кавалирс, водечката ѕвезда на американската кошарка, конечно ја заврши неизвесноста каде ќе ја продолжи кариерата. Го одбра Мајами, на што навивачите во Кливленд целосно подивеа. Полицијата цела ноќ имаше полни раце работа.

„Есенва ќе се придружам на Мајами Хит. Морам да признам дека малку ми е тешко заради оваа одлука“, рече Леброн Џејмс во специјалната емисија на ТВ каналот ЕСПН, која ја следеа 20 милиони Американци – повеќе отколку последното НБА финале.









„Чувствувам дека тоа ќе биде најдобрата шанса да победувам и тоа повеќе години. Сакам да бидам во можност да го освојам првенството“, додаде Џејмс, кој и покрај одличната игра, двете МВП титули, во седум сезони со Кавалирс не успеа да го освои трофејот НБА првак.









Огорчените навивачи во Кливленд по објавата почнаа да ги палат дресовите на Џејмс, додека во баровите во Мајами се славеше. Џејмс не сакаше да го коментира ’расположението’ на навивачите на Коњаниците, велејќи дека сето тоа е работа и дека поминал седум големи години во Кливленд.

„Се чувствувам грозно заради заминувањето, а уште полошо што не можев да ја донесам титулата НБА првак во Кливленд“, призна подоцна Џејмс, кој таму имаше кралски третман уште од кога беше средношколска ѕвезда.









Во Мајами пак, директорот Пет Рајли, со доведувањето на Леброн Џејмс и Крис Бош од Торонто, како и задржувањето на слободниот Двејн Вејд, создава Голема тројка, како Бостон Селтикс во сезоната 2007/08 кога ја освоија титулата.

Се очекува Џејмс и Бош да потпишат договори за 96 милиони долари на пет години додека Вејд ќе потпише шестгодишен договор за 126 милиони долари.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0358][60]