
Мануел Руиз де Лопера, поранешниот претседател и долгогодишен сопственик на Бетис, чиј стадион го носи неговото име ја продаде сопственоста на својот клуб за 18 милиони евра на бизнисменот Луис Оливер.
Како што јавува Марка, второлигашот од Севиља, кој долги години беше успешен во Примера го промени сопственикот без особени услови.
Досегашниот сопственик, легендарниот Мануел Руиз де Лопера во договорот не ставил никакви клаузули за евентуално да го откупи клубот назад, ниту името на стадионот, кој е наречен по него, заради големите заслуги, да мора да остане непроменето.
Бизнисменот Луис Оливер го купи Реал Бетис за 18 милиони евра и во наредните денови ќе одлучи во која насока клубот ќе се развива. Се претпоставува дека и новото водство ќе форсира политика на стрплив развој и дека ќе го задржи досегашниот тренер Виктор Фернандез.