Вардар сепак не оди во третата лига
07/07/2010 18:30

Вардар сепак нема да биде третолигаш. Драги Сетинов го презеде клубот и на само неколку часа новото раководство плати дел од задолжителната котизација за учество во првата домашна фудбалска лига. Така ФК „Вардар“ попладнево беше дел од жрепката за новата сезона која почнува на 31 јули.


Според информациите од Сетинов досегашните колективни членови на собранието на ФК „Вардар“ безусловно го предале клубот. Тој ќе биде претседател, а новото раководство би било формирано во последните денови. Приоритет според Сетинов е фудбалерите да се вратат на тренинг, јавува телевизијата Канал 5.

Судбината на „Вардар“ долго време беше неизвесна, претседател беше адвокатот Шехтански, најголеми удели во собранието имаа фирмите на Јордан Камчев и на Јовица Николовски.

Претходното раководство одбиваше да ја плати котизацијата што ја воведе ФФМ од сметка која е официјалната на клубот, тврдејќи дека тоа е надвор од законските прописи.

Сметката на „Вардар“ со години е блокирана. Ставот на ФФМ беше дека „Вардар“ проблемот може да го реши ако некој ги уплати парите во име на клубот.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0244][33]