
„Не сме задоволни од начинот на кој го завршивме Мундијалот, но Марадона е единствениот човек во Аргентина кој може да прави што сака“, рече претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Хулио Грондона.
Легендата на аргентинскиот фудбал Диего Марадона сам ќе одлучи дали ќе остане на функцијата селектор, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Хулио Грондона.
„Работите остануваат во негови раце. Тој е единствената личност во државата која може да прави што сака. Тој и понатаму има договор со федерацијата, што значи дека сам ќе одлучи дали ќе остане селектор или ќе поднесе оставка“, порача претседателот на АФА.