Видео: Октоподот Паул ја избра Шпанија!
06/07/2010 15:51


Октоподот Паул од водениот парк Sea Life во германскиот град Оберхаусен ги шокираше навивачите на германската фудбалска репрезентација бидејќи прогнозираше победа на Шпанија во полуфиналниот меч од СП кој в среда ќе се игра во Дурбан .

Октоподот Паул стана голема светска атракција откако досега со стопостотен успех ги предвиде сите резултати на Германската репрезентација на мундијалот, победите против Австралија, Гана, Англија и Аргентина и поразот против Србија.

Поточно Паул ги прогнозира резултатите на натпреварите на германската репрезентација уште од Еуро 2008, а единствено не погоди во финалето кога предвиде победа на Германија, а таа беше совладана со 0:1 токму од утрешниот противник.

Октоподот го избира победникот така што во аквариумот се спуштаат два сада со храна кои се разликуват по тоа што едната има етикета со германското знаме, а другиот со знамето на противничката репрезентација. Кој сад ќе го избере Паул, таа репрезентација победува.









На денешното прогнозирање, Паул прво тргнал кон садот со шпанското знаме, потоа почнал да кружи во базенот, па се задржал кај садот со германското знаме, за на крајот повторно да го „промени мислењето“ и да ја земе храната од садот со шпанското знаме.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0250][43]