Видете ја пенал драмата меѓу Шпанија и Парагвај
04/07/2010 04:02



Во неверојатно луд натпревар, со два (три) пенали за две минути, Шпанија избори пласман во полуфиналето со гол на Давид Виља во 83 минута, по неколку стативи...

Како и против Португалија во осминафиналето, Шпанците не брилијираа против Парагвајците кои дисциплинирано и храбро се бореа, а имаа и пенал шанса да го исфрлат европскиот првак.

Тоа беше натпревар во кој ама баш ништо интересно не се случи до 59 минута – Парагвај одлично се бранеше, додека Шпанците имаа само јалова иницијатива. И тогаш, Пике во 16-никот го собори Кардозо, а парагвајскиот напаѓач биеше од белата точка, но неговиот удар беше одбранет од феноменалниот Касиљас.

Веднаш во следната акција се случи пенал на спротивната страна. Виља беше соборен, а гватемалскиот судија повторно покажа на белата точка. Чаби Алонсо постигна гол, но судијата го поништи и нареди повторување заради прерано влегување на играчите во 16-никот. Во повторениот обид, голманот Виљар го одбрани ударот на Алонсо, на топката натрча Фабрегас, кој беше соборен од голманот, но немаше уште еден пенал.



По овие спектакуларни минути, повторно се играше повнимателно, а кога веќе се чинеше дека Парагвај ќе издржи до продолженија, Иниеста помина неколку играчи, додаде до Педро кој ја погоди стативата, а одбиената топка дојде до спасителот Виља кој постигна гол од две стативи за полуфинале.

Храбрите Парагвајци повторно не се предадоа и минута пред крајот Санта Круз ја пропушти најголемата прилика за израмнување, но Касиљас повторно излезе несовладлив.








Шпанија во полуфиналето на 7 јули ќе игра со Германија.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0255][22]